jaffa cake

Ресана торта без печење – торта за „итни случаи“

Ресана торта – уште ја нарекувам „торта за итни случаи“. Тоа се сите оние мигови кога имате потреба од благо, но немате време или пак не сакате да заглавите во кујната. За само десетина минути, веќе имате домашна торта со одлична комбинација на вкусови, а воопшто не сте ја вклучиле рерната.

ресана торта

За овој рецепт најчесто користам ресана со вкус на вишни бидејќи убаво се вклопува во целата композиција на состојки. Сепак, ако преферирате друг вкус, тогаш слободно изберете друг тип на ресана. 

Што се однесува до нејзината форма, тука се останува на вашата фантазија. Калапите за печење торти во различни форми може да ви послужат како модли за обликување, а доколку сакате дополнителна декорација секогаш можете да користите и фондан, па да ја претворите оваа лесна торта во нечие мало слатко изненадување.

jaffa cake

Ресана торта без печење

За овој рецепт најчесто користам ресана со вкус на вишни бидејќи убаво се вклопува во целата композиција на состојки. Сепак, ако преферирате друг вкус, тогаш слободно изберете друг тип на ресана.
Prep Time 15 mins
Servings 12

Ingredients
  

  • 750 г ресана со вкус на вишна или друг вкус по ваша желба
  • 200 г бисквити или пишкоти
  • 200 мл топло млеко
  • 250 г растопен путер или маргарин
  • 200 г сечкани ореви или други јаткасти плодови
  • 2-3 лажици рум
  • 300 мл слатка павлака или две кесички шлаг добро изматени со млеко
  • шарени трошки за декорација

Instructions
 

  • Исечкајте ги ресаните на четири дела и искршете ги бисквитите или пишкотите, па попарете ги со топлото млеко и путер. Потоа додадете ги исечканите ореви и малку рум.
  • Добиената смеса се обликува по желба. Јас ја формирав мојата торта во векна т.е. смесата ја ставив во калап за печење на векнички.
  • Целата торта премачкајте ја со изматената слатка павлака. По желба декорирајте ја со шарени мрвици.
    Добар апетит и забавно готвење!

Leave a Reply