Кога не сакам да правам торта, а сепак сакам да направам нешто што барем приближно ќе ме потсетува на неа, се определувам за ролат.

Овој воздушест и наизглед деликатен десерт, е интересен спој на благ и красит вкус, кој е крунисан со ситни парчиња ф’стаци.
Многумина мислат дека во правењето на пуслица ролатот има некоја голема филозофија, но вистината е дека истиот е многу лесен за подготовка, се додека правилно ги следите инструкциите.

Пуслица ролат
Овој воздушест и наизглед деликатен десерт, е интересен спој на благ и красит вкус, кој е крунисан со ситни парчиња ф’стаци.
Ingredients
- 5 јајца одвоени жолчките од белките
- 270 г шеќер
- 50 г сечкани ф’стаци
За филот со лимон:
- 5 жолчки
- 1 полна лажица пудинг од ванила
- 100 г путер
- 150 г шеќер
- Сок од 2 лимони
- Кора од 2 лимони
За шлагот:
- 4 кесички шлаг
- 450 м млеко
- 1 лажичка екстракт од ванила
Instructions
- Во чист сад изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот. Матете околу 10 минути додека не добиете цврст снег од белки и шеќерот не биде целосно растопен.
- Распределете ги изматените белки во тавче обложено со хартија за печење (јас го користев тавчето од шпоретот). Наредете исечкани ф’стаци по целата површината. Печете 8 минути во загреана рерна на 180 степени, а потоа уште 15 минути на 140 степени. Оставете да се излади 5 минути, а потоа префрлете ја кората со страната од каде што се ф’стаците надолу на хартија за печење претходно наросена со шеќер во прав. Оставете комплетно да се излади.
- За да го подготвите филот, во сад на оган гответе го путерот, шеќерот, сокот од лимон и жолчките.
- Гответе со постојано мешање, а потоа додајте го прашокот за пудинг од ванила малку растворен во лимонов сок. Мешајте додека не добиете лесно густа смеса. Промешајте и оставете комплетно да се излади.
- Изматете ги кесичките шлаг со млекото и екстрактот од ванила во цврст фил.
- Филувајте ја изладената кора од белки со шлагот и ставете 6-7 лажици од филот со лимон. Преостанатиот дел може да го чувате во ладилник до 1 недела. Дополнително наредете сечкани ф’стаци и превиткајте ја кората внимателно со помош на хартијата за печење. Ролатот додека го виткате ќе распука, но тоа е дел од презентацијата. Оставете комплетно да се излади се додека не го сервирате.Добар апетит и забавно готвење!