Пиварките несомнено се едни од највкусните посни колачи кои што се прават на овие простори.
Ровки се, се топат во уста, а во исто време и немаат некоја комплексна процедура на подготовка. Можете да ги направите за празничната сезона, но и за секоја друга прилика кога вашето семејство сака да вкусни нешто благо и добро проверено.

Празнични пиварки
Пиварките несомнено се едни од највкуснитепосни колачи кои што се прават на овие простори.
Ingredients
- 200 мл пиво
- 400 мл масло
- 1 пакетче прашок за печиво
- 1 пакетче ванилин шеќер
- Кора од 1 лимон
- 5 лажици шеќер
- Околу 800-1000 г брашно
За шербетот:
- 400 мл вода
- 400 г шеќер
- 1 пакетче ванила
- Резанки од 1 лимон
- Ореви за превалкување
Instructions
- Во длабок сад замесете тесто од пивото, маслото, прашокот за печиво, ванилата, шеќерот и додавајте брашно колку да се замеси убаво глатко тесто.
- Оформете ги пиварките по желба и наредете ги во тепсија која претходно ќе ја премачкате со масло за јадење. Печете ги на 180 степени загреана рерна околу 20тина минути или додека комплетно не поруменат.
- Додека се печат пиварките, сварете го шербетот (сите состојки ставете ги да зовријат 5 минути) и додека се топли полејте го врз нив. Кога ќе го впијат шербетот и комплетно ќе се изладат превалкајте ги во мелени ореви.Добар апетит и забавно готвење!