посна бајадера

Посна бајадера

Кога Ве обзема топлината на празничната еуфорија, подгответе нешто лесно, брзо и што е најважно посно. Овие бајадери се одлични за посните слави, а во исто време се и совршено благо за Божиќните пости.

Толку се вкусни, што воопшто нема ниту да забележите дека во нив има посни состојки. Јас ги правам во форма на мини коцки, но доколку имате деца или сакате да бидете покреативни, секогаш може да користите модли во различни форми со кои ќе ги исечете парчињата.

посна бајадера

Посна бајадера

Овие бајадери се одлични за посните слави, а во исто време сеи совршено благо за Божиќните пости. Толку се вкусни, што воопшто нема ниту да забележите дека вонив има посни состојки.
време за подготовка 10 mins
време за готвење 5 mins
30 mins
Вкупно време 45 mins

Состојки
  

  • 200 мл вода
  • 700 г шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 250 г маргарин
  • 300 г мелени ореви
  • 300 г мелени посни бисквити
  • 150 г црно посно чоколадо
  • 100 г бело посно чоколадо

За глазура:

  • 150 г црно посно чоколадо
  • 4 лажици масло за јадење

Начин на подготовка
 

  • Во тенџере на оган ставете ги заедно водата, шеќерот, ванилата и маргаринот да се растопат. Тргнете на страна и додајте ги мелените бисквити и ореви.
  • Промешајте и смесата поделете ја на два еднакви делови, а додека се се уште топли додајте го црното чоколадо во едната и белото во другата смеса.
  • Во тавче обложена со хартија за печење ставете ја црната смеса, израмнете со помош на шпатула и врз неа додајте ја белата смеса. Израмнете и полејте го растопеното чоколадо со 4-те лажици масло за јадење.
  • Оставете да се стегне и пресечете парчиња.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар