Со летото доаѓаат летните горештини и потребата да се пијат многу течности.

За мене водата е најдобрата опција за изгаснување на жедта, но понекогаш ми е тешко да ја консумирам во поголеми количини.
Затоа си приготвувам освежителен летен пијалак со лимон и нане, кој освен тоа што ме разладува е едноставна и здрава опција за внесување на потребното количество на течности во организмот.

Освежителен летен пијалак со лимон и нане
За мене водата е најдобрата опција за изгаснување на жедта, но понекогаш ми е тешко да ја консумирам во поголеми количини.
Ingredients
- 2 литра вода
- 3 лимони
- Ливчиња свежо нане
- Коцки мраз
Instructions
- Ставете ја водата во соодветен сад и во неа додадете ги сите состојки. За најдобар ефект оставете ја течноста малку да отстои во фрижидер за да поприми од лимонот и свежото нане.Добар апетит и забавно готвење!