Ова дефинитивно се најбрзите лиснати кифлички кои што може да ги направите за појадок или пак за седенка со пријателите. За нив ќе Ви бидат потребни само 5 состојки и помалку од 15 минути за подготовка, не сметајќи го тука времето за печење.

Бидејќи се прават со готово лиснато тесто се супер воздушести и меки. Филот од крем сирење, шунка и кашкавал е класика, но можете да користите и други состојки.

Лиснати кифлички со 5 состојки
Филот од крем сирење, шунка и кашкавал е класика, но можете да користите и други состојки.
Состојки
- 250 г лиснато тесто
- 3-4 лажици крем сирење
- 100 г шунка тенко исечкана
- 100 г кашкавал тенко исечкан
- 1 јајце лесно изматено
Начин на подготовка
- Расукајте го лиснатото тесто во правоаголна форма. Пресечете го на половина хоризонтално, а потоа пресечете уште два пати вертикално за да добиете вкупно 6 еднакви квадрати.
- Секој квадрат пресечете го дијагонално за да добиете 12 триаголници.
- Секој триаголник премачкајте го со крем сирење, ставете тенко исечкан кашкавал и тенко исечкана шунка. Превиткајте ги лиснатите кроасани како кифличка и наредете ги во обложено тавче со хартија.
- Премачкајте со лесно изматено јајце за да добијат убава златно-кафена боја по печењето. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 15-20 минути.Добар апетит и забавно готвење!