Често готвам со компир и досега сум направил повеќе различни рецепти со овој зеленчук. Сепак, начинот на подготовка што ќе Ви го презентирам сега ми е еден од омилените.
Едната причина поради која што е така е изборот на состојките и самиот вкус на пречениот специјалитет. Другата причина е неговата практичност. Доволен ми е само еден компир за да го трансформирам во комплетно јадење, а во исто време да не направам речиси никаков неред во кујната.
Практично, богато на вкус и впечатливо на изглед.

Лепеза компир со кулен
Доволен ми е само еден компир за да го трансформирам во комплетно јадење, а во исто време да не направам речиси никаков неред во кујната.
Ingredients
- 4 долги компири
- 4 лажици сенф
- 100 мл масло за јадење
- Сол и мелен црн пипер
- 100 г кулен
- 50 г кашкавал
- Свежа мајчина душичка или оригано
Instructions
- Исечкајте ги компирите на тркалца, но не целосно, бидејќи треба да останат во една целина како на фотографијата. Помеѓу секое тркалце премачкајте со сенф, сол и мелен црн пипер. Додадете оригано или мајчина душичка. Во секоја празнина додадете кулен.
- Целиот компир вака подготвен обвиткајте го во алуминиумска фолија со масло за јадење и печете го во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути.
- Кога ќе биде готов додека е се уште топол врз него изрендајте кашкавал.Добар апетит и забавно готвење!