Ручекот со семејството не може да помине без десерт, а оваа крцкава пита со вишни е една од омилените на моите најблиски. Мислам дека најмногу им се допаѓа поради киселиот вкус на вишните и моќната арома на путер.

Кога е лето имам навика да ја сервирам со топка сладолед од ванила или чоколадо, додека во зима се задржувам на основната верзија. Не грижете се и таа е подеднакво сочна и вкусна, како онаа со сладоледот.

Крцкава пита со вишни
Ручекотсо семејството не може да помине без десерт, а оваа крцкава пита со вишни еедна од омилените на моите најблиски.
Ingredients
За тестото:
- 310 г брашно
- 250 г студен путер исечкан на коцки
- Прстофат сол
- 2 лажици шеќер
- 2-3 лажици студена вода
За филот:
- 1200 г замрзнати вишни или свежи
- 2 пакетчиња пудинг од ванила
- 3 пакетчиња ванилин шеќер
- 150 г шеќер
Instructions
- Во длабок сад промешајте ги брашното, солта, шеќерот и путерот заедно. Со рацете втријте го путерот за да се формира смеса. Додајте ја студената вода и оформете тесто. Оформете го тестото во топка и спакувајте го во хартија за свежа храна. Нека отстои во ладилник околу 30-40 минути.
- За да го подготвите филот во тенџере на оган ставете ги вишните и шеќерот. Додајте ја ванилата и изматените пудинзи во малку вода на страна. Мешајте континуирано додека смесата не се згусне. Префрлете ја во чист сад и покријте со хартија за свежа храна на површината од филот за да не се оформи кора при ладење.
- Расукајте малку повеќе од половина од тестото и обложете го тавчето за правење пита. Исечете ги рабовите и оставете повторно да се стегне. Нанесете го комплетно изладениот фил со вишни, а од другиот дел од тестото пресечете ленти за да ја декорирате питата. Премачкајте ја внимателно со изматено јајце. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути, а потоа намалете на 180 и печете уште 30 минути.
- Оставете комплетно да се излади (минимум 4-5 часа) за да извадите чисти парчиња.Добар апетит и забавно готвење!