Студените зимски денови се одлична прилика да направите меки, кифла-мафини, со мирис и вкус на путер. Се што ќе Ви биде потребно е плех за мафини во кој што ќе ги ставите едноставно обликуваните плетенки.
На овој начин ќе добиете интересна форма на кифла-мафини, кои освен тоа што изгледаат штосно, се и мошне вкусни.

Едноставни кифла-мафини
Се што ќе Ви биде потребно е плех за мафини во кој што ќе гиставите едноставно обликуваните плетенки.
Ingredients
- 450 гр. брашно
- 150 мл млеко
- 50 мл масло за јадење
- 50 мл вода
- 1 лажичка инстант квасец
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- 2 лажички шеќер
- 50 гр путер на собна температура
Instructions
- Замесете тесто од сите состојки и оставете да отстои на собна температура околу 1 час. Размесете го и поделете го на 15 еднакви делови и секој од тие 15 еднакви делови поделете ги на два дела.
- Расукајте ги во долгнавести ленти и сплетете плетенка од двете ленти. Ставете ги во подмачкан плех за мафини и оставете 20 мин да одморат.
- Премачкајте со жолчка и печете во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути.Добар апетит и забавно готвење!