полнети компири

Двојно печени компири полнети со крем фил

Кој може да му одолее на крцкав печен компир наполнет со кремаст фил кој се топи во уста при секој залак? Јас сигурно не!

Сите ние, повеќе или помалку го користиме компирот на нашата трпеза, но ретко кога го претвораме во мини кулинарско дело достојно за восхит. Затоа си поиграв со оваа секојдневна намирница и да ја трансформирав во двојно печено совршенство. Користев органски компири, тукушто ископани од домашната градина, чиј вкус го збогатив со супер кремаст филм од кисела павлака и уште неколку превкусни состојки.

Крајниот резултат се полнети компири, кои пленат како со својот изглед, така и со својот вкус. За секој случај пригответе дупла доза, бидејќи никогаш не се знае кој ненадејно ќе заѕвони на вратата откако ќе биде маѓепсан од мирисот што доаѓа од вашиот дом.

полнети компири

Двојно печени компири полнети со крем фил

Користев органски компири, тукушто ископани од домашната градина, чиј вкус го збогатив со супер кремаст филм од кисела павлака и уште неколку превкусни состојки.
време за подготовка 15 mins
време за готвење 40 mins

Состојки
  

  • 5 средни компири
  • маслиново масло
  • сол по вкус

За филот:

  • 3 лажици кисела павлака
  • 2 лажици путер
  • 3 лажици обарен грашак
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 50 г рендан кашкавал
  • 20 г рендан пармезан
  • 100 г обарена брокула

За декорација:

  • 50 г рендан кашкавал
  • свежо измелен црн пипер

Начин на подготовка
 

  • Најпрвин со помош на дланките убаво премачкајте ги компирите со маслото за јадење. Наредете ги во тавче за печење обложено со хартија за печење и печете околу 45 до 60 минути во загреана рерна на 190 степени.
  • Кога ќе бидат печени, оставете ги да се изладатоколу 10 минути. Со нож, пресечете ги на половина, со помош на лажица извадетего внатрешниот дел и ставете го во сад.
  • Во садот додајте го путерот, киселата павлака, обарениот грашок и изренданиот кашкавал и пармезан. Промешајте и зачинете со сол и мелен црн пипер. Повторно промешајте и наполнете ги празните школки од компири.
  • Наредете ги парчињата брокула и нарусете малку од ренданиот кашкавал. Печете ги повторно компирите во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
  • Пред сервирање нарусете свежо измелен црн пипер.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар