торта без печње

Брза торта без печење

Тирамисуто е своевиден софистициран грев. Колку и да сакате да не паднете во искушението на овој десерт, едноставно е невозможно бидејќи вешто ве мами како со својот вкус, така и со навистина краткото време за подготовка. Кога се изгледа така просто и практично, зарем може да му се рече не?

Ако досега сте правеле тирамису, најверојатно сте користеле маскарпоне. Сепак, мојата верзија е малку поедноставнa, по достапна, но подеднакво примамлива и безобразно вкусна.

Совет плус: доколку не се брзате, оставете го десертот во ладилникот преку ноќ и сервирајте го следниот ден. На овој начин пишкотите целосно ќе го попримат еспресото и ќе добиете превкусна кремаста целина.

торта без печње

Торта без печење

Ако досега сте правеле тирамису, најверојатно сте користеле маскарпоне. Сепак, мојата верзија е малку поедноставнa, по достапна, но подеднакво примамлива и безобразно вкусна.
време за подготовка 20 mins
4 hrs
сервирања 12

Состојки
  

  • 400 г пишкоти
  • 1 шолја јако еспресо
  • 4 кесички за шлаг пена
  • 500 мл млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 150 г квалитетно бело чоколадо
  • 70 г квалитетно црно чоколадо

Начин на подготовка
 

  • Во длабок сад изматете ги кесичките шлаг заедно со млекото и ванилата.
  • Од овој шлаг одделете 5 лажици во друг сад, а во оној каде што ќе остане другиот дел од шлагот, додадете го растопеното бело чоколадо. Добро промешајте и оставете на страна.
  • Во садот со 5-те лажици од шлагот додајте го црното чоколадо растопено на пареа. Промешајте и оставете на страна.
  • Во длабок сад наредете ги пишкотите така што прво ќе ги потопите во еспресо. Наредете еден слој со пишкоти, а потоа нанесете половина од белиот фил. Наредете уште еден слој со пишкоти потопени во еспресои додајте го вториот дел од белиот фил.
  • Одозгора нанесете го внимателно темниот дел од филот и распределете го по целата површина. Оставете тирамисуто да се стегне 4 часа или преку ноќ во ладилник.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар