банички

Банички со готови кори

Обожавам банички, но да бидам искрен не секогаш имам доволно време за да можам да ги приготвам со домашни кори. Затоа го скратувам времето за подготовка на половина, така што користам готови кори. Се прашувате дали може да се добие истиот резултат? Се разбира дека да!

За неполн час ќе имате врели и сочни банички, кои ќе изгледаат  како половина попладне да сте го поминале во сукање кори.

Моите омилени се банички со праз, па затоа денес Ви ја презентирам токму таа верзија.

банички

Банички со готови кори

За неполн час ќе имате врели и сочни банички, кои ќе изгледаат  како половина попладне да сте го поминале во сукање кори.
време за подготовка 15 mins
време за готвење 25 mins
Вкупно време 40 mins
сервирања 15

Состојки
  

  • 500 г кори за пита
  • 1 коцка квасец 40 гр
  • 12 лажици брашно
  • 300 мл. минерална вода
  • 150 мл. масло за готвење
  • 1 лажичка сол
  • Праз претходно испржен со сол и масло за готвење

Начин на подготовка
 

  • Најпрво во еден сад промешајте ги заедно квасецот, брашното, минералната вода и маслото за готвење.
  • Земете една кора и премачкајте ја со овој фил, па ставете од пржениот праз и брзо свиткајте ја кората во ролат.Ролатот превиткајте го во баничка.
  • Печете во загреана рерна на 190 степени околу 20-25 минути.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар