Денес на менито имаме еден малку поинаков рецепт, кој е своевиден хит во Африка. Ќе ви приготвам интересно тесто со путер кое се пржи во врел зејтин. Станува збор за вкусни африкански крофни кои имаат прекрасна кафена боја и се во форма на плетенка.
Однадвор се крцкави, а од внатре преовладува мека текстура и топла арома на путер. Откако ќе се испржат се валкаат во кристален шеќер за да се постигне комплетниот ефект. Доколку сакате можете да ги украсите и со чоколаден прелив.

Африкански крофни
Однадвор се крцкави, а од внатре преовладува мекатекстура и топла арома на путер. Откако ќе се испржат се валкаат во кристаленшеќер за да се постигне комплетниот ефект
Ingredients
- 250 г брашно
- 2 1/2 лажички сув квасец
- 170 мл. млако млеко
- 3 лажички шеќер
- Прстофат сол
- 3 лажици растопен путер
- 1 јајце
- Масло за пржење
- Шеќер за превалкување
Instructions
- Во длабок сад ставете го брашното, а во друг сад на страна ставете ги млекото и квасецот. Промешајте и оставете 2 минути да одморат. Потоа додадете ги шеќерот, јајцето и растопениот путер. Добро промешајте и додадете ја течност во брашното. Додадете го и прстофатот сол и замесете меко тесто од сите состојки.
- Оставете да одмори околу 1 час на собна температура. Поделете го тестото на 12 еднакви делови и секој дел расукајте го во долга лента свиткајте го на половина и исплетете го парчето кон краевите. Оставете да одморат уште 20 минути пред да ги испржите.
- Пржете ги во загреано масло на средна температура. Пржете ги околу 3-4 минути од секоја страна. Исцедете ги од вишокот маснотија на салфетки и извалкајте ги во шеќер.
- По желба во обичниот шеќер додадете и 1 пакетче ванилин шеќер. Сервирајте додека се топли и по желба додадете чоколаден прелив.Добар апетит и забавно готвење!