Совршениот чоколаден тарт е баланс помеѓу вкусна путер кора и кремасто чоколадно полнење. За да го истакнете богатиот вкус на чоколадото, но да не претерате, никогаш не штедете на квалитетно чоколадо.

Денес Ви покажувам како со само 3 состојки можете да направите чоколаден крем кој ќе Ви ги заскокотка сите сетила и ќе ги исполни дури и највисоко поставените очекувања. Крцкавата основа со мирис на ванила и путер, дополнително ќе придонесе за максимално уживање.

Чоколаден тарт
Совршениот чоколаден тарт е баланс помеѓу вкусна путер кора и кремасто чоколадно полнење. За да го истакнете богатиот вкус на чоколадото, но да не претерате, никогаш не штедете на квалитетно чоколадо.
Ingredients
За тестото:
- 150 г брашно
- 1 лажица шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 120 г путер студен, исечкан на коцки
- 2-3 лажици студена вода
За филот:
- 220 г темно чоколадо со минимум 60% какао делови
- 170 мл слатка павлака
- 1/2 лажичка инстант кафе
Instructions
- Најпрвопромешајте ги брашното, ванилата и шеќерот заедно. Додајте го исечканиот студенпутер и втријте го во брашното за да оформите текстура која наликува на песок.
- Додајтеја студената вода и оформете тесто. Оставете го тестото превиткано во хартијаза печење во ладилник за да се стегне додека го подготвите филот.
- Вомало тенџере загрејте ја слатката павлака до оној момент кога ќе дојде до точкана вриење (не дозволувајте да врие со меури).
- Во садискршете го чоколадото на помали парчиња и додајте го кафето. Прелијте соврелата слатка павлака и оставете 2 минути без да мешате. По две минути,започнете да мешате се додека не добиете една убава хомогена чоколадна смеса.
- Расукајтего тестото во округла форма и префрлете го во тавче за тарт (доколку нематевакво тавче префрлете го во округло тавче на механизам бр:24формирајќи рабови за да може да се стави подоцна чоколадниот крем).
- Боцнетена неколку места со вилушка и оставете тестото да се стегне во замрзнувач околу10-15 минути. За тоа време загрејте ја рерната на 190 степени, па ставете готестото да се пече околу 12-15 минути. Кога ќе биде готово, оставете го малкуда се излади, па прелијте го претходно подготвениот фил.
- Подготвениоттарт оставете го минимум 4 часа да се стегне во ладилник или најдобро прекуноќ. Сервирајте со сечкани јаткасти плодови.Добар апетит и забавно готвење!