cokoladen mus

Чоколаден мус без печење

Чоколадниот мус е декадентен десерт со кремаста текстура и моќен вкус на чоколадо. При изборот на чоколадо за овој рецепт, Ви препорачувам секогаш да избирате чоколадо кое содржи поголем процент на какао. Колку повеќе какао толку повеќе вашиот мус ќе има побогат и поинтензивен вкус.

чоколаден мус со шумско овошје

Она што уште повеќе ќе ви се допадне кај овој рецепт, е што припаѓа на категоријата десерти без печење, а подготовката во суштина му е мошне лесна и практична. Дури и да сте најголем аматер во правењето благо, со овој мус ќе оставите впечаток дека сте некој кој одлично се снаоѓа во кујната.

cokoladen mus bez pecenje

Чоколаден мус без печење

Дури и да сте најголем аматер во правењето благо, со овој мус ќе оставите впечаток дека сте некој кој одлично се снаоѓа во кујната.
време за подготовка 15 mins

Состојки
  

За подлогата:

  • 200 г мелени бисквити
  • 2 лажици шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 150 г растопен путер

За чоколадниот мус:

  • 250 г растопено чоколадо со висок процент на чоколадо
  • 2 пакетчиња шлаг
  • 250 мл млеко
  • 1 лажичка инстант кафе растворени во 2 лажици врела вода
  • 4 жолчки
  • 4 белки
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1/2 пакетче желатин растворен во 2 лажици студена вода, а потоа растопен на пареа

Начин на подготовка
 

  • Во длабок сад ставете ги мелените бисквити, шеќерот, ванилата и растопениот путер. Потоа натапкајте ја смесата во мало тавче обложено со хартија за печење.
  • Оставете смесата да се зацврсти во ладилник додека го подготвите мусот. Во сад на пареа згответе ги жолчките, матејќи ги со жица за матење околу 7-10 минути.
  • Тргнете ги од оган и оставете малку да се изладат. За тоа време во длабок сад изматете ги двете кесички шлаг со млекото во цврста шлаг пена.
  • Во друг сад изматете ги белките со шеќерот во прав (може и обичен шеќер) во цврста шлаг пена. Во садот со изматените кесички шлаг додајте го растопеното чоколадо, кафето и зготвените жолчки.
  • Промешајте со жица за матење или шпатула и додајте ги на два пати изматените белки. Не правете премногу енергични движења бидејќи е потребно да добиете што повоздушеста смеса.
  • На крајот, додадете го растопениот желатин на пареа и мешајте постојано кога ќе го додадете во смесата.
  • Вака подготвениот мус префрлете го во калапот врз изладената подлога од бисквити и оставете го во ладилник 2-3 часа добро да се стегне.
  • Пресечете парчиња и декорирајте со замрзнато шумско овошје и гранчиња нане.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар