Секое време е добро време за чизкејк, особено ако станува збор спој од малини и ванила. Нема да звучам воопшто скромно, кога ќе кажам дека за ваков чизкејк ќе ја прекинете диетата, во доцните часови ќе го посетите фрижидерот и скришум ќе го јадете последното парче, за да не ве насетат домашните.

Лесно се подготвува, ама и уште полесно се јаде. Одличен е за летниот период бидејќи е мошне освежителен. Сепак, нема да погрешите и доколку го направите во зима.

Чизкејк со малина и ванила
Лесно се подготвува, ама и уште полесно се јаде. Одличен е за летниот период бидејќи е мошне освежителен. Сепак, нема да погрешите и доколку го направите во зима.
Ingredients
За основата:
- 150 г г мелени бисквити
- 150 г мелени ореви, бадеми или лешници
- 2 лажици шеќер
- 200 г растопен путер
За филот:
- 400 г крем сирење
- 200 мл млеко
- 3 кесички за шлаг крема
- 4 лажици шеќер во прав
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 пакетче желатин растворен во вода, па стопен на пареа
За преливот со малини:
- 300 г малини
- 80 г шеќер
- сок од 1 лимон
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1 кесичка желатин растворен во вода, па стопен на пареа
Instructions
- Во длабок сад ставете ги сите состојки за основата на чизкејкот и добро промешајте. Распределете ја смесата во округло тавче на механизам и оставете во ладилник да се стегне додека не го направите филот од крем сирењето.
- Во длабок сад ставете го крем сирењето, кое претходно било на собна температура и додајте го млекото, кесичките за шлаг крем, шеќерот во прав и екстрактот од ванила. Добро изматете со миксер околу 5 минути додека не добиете убава хомогена и мазна структура на филот.
- Додајте го претходно растопениот желатин на пареа и добро промешајте. Претурете го филот врз основата и оставете го во ладилник да се стегне.
- Во тенџере на оган загрејте ги малините, шеќерот, сокот од лимон и ванилиниот шеќер. Варете околу 7-8 минути и тргнете од оган. Прецедете ја смесата низ сито за да ги отстраните сите семки од малините. Во жешкиот прелив од малини додајте го растворениот желатин и промешајте додека комплетно не се растопи.
- Оставете да се излади околу 20-30 минути, а потоа прелијте го врз горниот дел од чизкејкот. Оставете да се стегне околу 4 часа. Послужете и уживајте.Добар апетит и забавно готвење!