toast rolls

Ролнички со крем супа од печурки

Рецептот за овие едноставни печени ролнички настана сосема случајно. Беше ладна и врнежлива вечер, па наместо да одам до најблискиот супермаркет си реков да си направам вечера од она што веќе го имам во свој дом.

Тост леб и крем супа со печурки на прв поглед не ветуваат многу, но кога ќе почнете да размислувате малку похрабро, лесно може да направите интересна и пред се многу вкусна вечера. Она што е најдобро кај овој рецепт, е тоа што јас ви ја давам основната идеја, а Вие можете да си направите своја верзија.

toast rolls
tost rolnicki

Ролнички со крем супа од печурки

Сочни и неодоливо вкусни, овие тост ролнички се највкусни топли, штотуку излезени од рерна.
време за подготовка 15 mins
време за готвење 20 mins
сервирања 6

Состојки
  

  • 2 пакувања тост леб
  • 150 г путер омекнат
  • 700 мл неутрална павлака
  • 1 лажичка сенф
  • 2-3 млади кромидчиња
  • 2 пиперки лути или благи
  • 1 чешне лук
  • 1 крем супа од печурки или кромид
  • 400 г кашкавал рендан

Начин на подготовка
 

  • Во тенџере на оган ставете го неутралниот крем за готвење. Веднашдодајте ги сенфот, солта и мелениот црн пипер, крем супата, ситно исечканитепиперки и младиот кромид и лукот.
  • Промешајте и гответеоколу 5 минути додека смесата не започне да создава меурчиња.
  • Тргнете го тенџеретоод оган и додајте го ренданиот кашкавал. Добро промешајте и тргнете на странада се излади смесата 10 минути. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180степени.
  • Секое парче тост леб добро пемачкајте го со омекнат путер или маргарин.
  • Кога смесата ќе се излади, премачкајте го секое парче тост леб со филотод страната каде што не е премачкана со путер. Свиткајте внимателно во ролат иставете ги ролничките во тавче обложено со хартија за печење. Премачканатастрана со путер или маргарин треба да биде одозгора, за кога ќе се пече дастане крцкавa.
  • Печете во загреана рерна околу 15-20 минути во зависност од рерната.Готови се кога ќе добијат убава златно-кафена боја.
    Добар апетит и забавно готвење!
Keyword брз рецепт, потпечени лепчиња, ролнички, тост леб, тост ролнички

Остави коментар