Проверен рецепт за вкусна пастрмалија

Барате испробан рецепт за домашна пастрмалија која вреди прсти да излижеш?

Мислам дека го имам совршениот рецепт за Вас. Мојата пастрмалија со крцкаво ароматично тесто и сочен фил од бело месо, кашкавал и јајце е сладострастие во еден залак.

пастрамајлиа, pastramajlia,

Се потрудив да Ви ја илустрирам со вистинската фотографија, со цел што поживописно да ја доловам нејзината грандиозност. Мојата омилена комбинација е со пилешко бело месо, но вие може да го користите она месо кое најмногу ви се допаѓа.

pastrmajlia.

Проверен рецепт за вкусна пастрмалија

Барате испробан рецепт за домашна пастрмалијакоја вреди прсти да излижеш? Мојата пастрмалија со крцкаво ароматичнотесто и сочен фил од бело месо, кашкавал и јајце е сладострастие во еден залак.
време за подготовка 1 hr 30 mins
сервирања 4 пастрмајлии

Состојки
  

За тестото:

  • 500 г брашно
  • 2/3 коцка свеж квасец или 1 1/2 пакетче сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 240 мл. млака вода
  • 40 мл млако млеко
  • 2-3 лажици маслиново масло

За филот:

  • 1 кг пилешки стек
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 2 јајца лесно изматени со помош на вилушка
  • 150-200 г рендан кашкавал
  • свежо исечкан магдонос
  • путер или свинска маст за премачкување

Начин на подготовка
 

  • Најпрво,замесете меко тесто од првите состојки и оставете го да стаса на собнатемпература околу час до час и половина.
  • Поделетего тестото на 4 еднакви делови (доколку сакате помали пастрмалии поделете го ина повеќе делови). Секој дел растегнете го со раце во форма на чамец,формирајќи подебел крај на рабовите.
  • Посолетего месото со сол и мелен црн пипер по вкус и наредете го врз пастрмалијата.Исечкајте путер на мали коцки и наредете на рабовите на целата пастрмалија.Печете во загреана рерна на 190 степени.
  • Вомоментот кога тавчето ќе го ставите во рерна испрскајте ја рерната со прскалкасо вода за да се создаде пареа. Печете 30 минути, а повремено со помош на четкапремачкувајте ги краевите на пастрмалијата со путер околу 2-3 пати во текот нацелото печење.
  • Истотака, прснете неколку пати со вода во текот на печењето. Кога месото ќе бидекомплетно испечено и малку заруменето врз секоја пастрмалија полејте малку одизматените јајца.
  • Наредете рендан кашкавал и печете уште 5-10минути. Сервирајте со ситно исечкан магдонос.

Остави коментар