Превкусен ѓеврек сендвич

Го испробавте ли мојот рецепт за домашни ѓевречиња? Доколку се уште не сте го направиле тоа, ќе Ви дадам дополнителна мотивација за готвење со следниот ѓеврек-сендвич.

gevrek sendvic

Домашните варени ѓевречиња сами по себе се превкусна храна, но кога сакате да си поиграте со комбинациите на состојки, топлото ѓеврече може лесно да се претвори во раскошен сендвич.  Ако при рака имате телефон, верувајте ми дека овој сендвич веднаш ќе заврши на вашето Instagram story.

Превкусен ѓеврек сендвич

Домашните варени ѓевречиња сами по себе се превкусна храна, но кога сакате да си поиграте со комбинациите на состојки, топлото ѓеврече може лесно да се претвори во раскошен сендвич.
време за подготовка 15 mins
сервирања 1

Состојки
  

  • варено ѓеврече
  • 3 лажици кисела павлака
  • 1 млад кромид ситно исечкан
  • 1/2 лажичка суво оригано
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 јајце испржено
  • 2-3 парчиња чадено пилешко филе
  • неколку листови пармезан
  • неколку парчиња свежа краставица
  • 2 лажици мајонез

Начин на подготовка
 

  • Најпрво промешајте гипавлаката, младиот кромид, ориганото, лукот и маслиновото масло. Со овој намазпремачкајте го долниот дел на ѓевречето кое ќе го пресечете точно на половина.
  • Врз намазот ставетелистови зелена салата, пржено јајце, чадено пилешко филе, листови пармезан,парчиња краставица и мајонез. Поклопете со втората половина и по желбадекорирајте со мало пржено јајце од препелица.
  • Овој сендвич може да гоподготвите и со вашата омилена крем салата или состојки кои ви се воладилникот.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар