Кога сакате да направите нешто вкусно и посно, Ви ја препорачувам оваа сочна и брза салата со компир, туна и зачини. Верувам дека толку многу ќе ви се допадне што ќе стане една од вашите омилени без разлика на тоа што има посни состојки.

Можете да ја направите како дел од некоја празнична трпеза или едноставно како посен оброк во кој максимално ќе уживате.

Посна салата со туна
Когасакате да направите нешто вкусно и посно, Ви ја препорачувам оваа сочна и брзасалата со компир, туна и зачини.
Ingredients
- 1 кг варен компир
- 1 главица кромид ситно исечкана
- 10 кисели краставички ситно исечкани
- 2 конзерви туна
- сол и мелен црн пипер по вкус
- 1 лажичка буковец
- 150-200 г посен мајонез
Instructions
- Сите состојки ставете гиво длабок сад и промешајте ги заедно додека не добиете една хомогена смеса.
- Сервирајте со вкусен лебсо сусам или крекери.Добар апетит и забавно готвење!