Печени ајварки полнети со урда и ореви

Есента е како создадена за приготвување на ајвар, лутеница, малиџано и многу други превкусни деликатеси од печени пиперки. Тоа е време кога целото семејство се собира на едно место за да помогне во традиционалната подготовка на зимницата. Време кога се дружиме, евоцираме спомени и со своето учество во готвањето споделуваме дел од својата љубов во домашните специјалитети.

piperki so urda i orevi

Инспириран од топлиот мирис и вкус на печените пиперки, денес Ви приготвив полнети ајварки со урда и ореви. Урдата оди совршено со печените пиперки, додека оревите се онаа посебна состојка која дава крцкавост и јаткаст шмек на јадењето.

piperki polneti so urda

Печени ајварки полнети со урда и ореви

Урдата оди совршено со печените пиперки, додека оревите се онаа посебна состојка која дава крцкавост и јаткаст шмек на јадењето.
време за подготовка 15 mins
време за готвење 30 mins

Состојки
  

  • 4 црвени пиперки ајварки
  • 500 г урда
  • 2 јајца
  • 100 г сечкани ореви
  • сол по вкус
  • маслиново масло

Начин на подготовка
 

  • Во длабок сад промешајте ги урдата, јајцата, сечканите ореви и зачинете со сол по вкус.
  • Секоја од пиперките добро измијте ја и пресечете ја на половина. Исчистете ги семките и наполнете ги со филот од урда и ореви.
  • Наредете ги пиперките во тавче обложено со хартија за печење, полејте малку маслиново масло и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар