Оние кои шетале по улиците на Солун, сигурно барем еднаш биле привлечени од раскошниот мирис на милиброд од една од локалните пекари. Навистина е тешко да и се оддоле на таа моќна арома која се шири низ воздухот, а да не се наврати барем на едно парче.

Сега ќе можете да уживате во неа и во топлината на вашиот дом, со мојот рецепт за неверојатно ароматичен, мек и сочен милиброд, прелиен со глазура од бело и темно чоколадо. Од оваа доза на состојки се добиваат два милиброди, што е одлично за уживање со пријателите и семејството.

Милиброд со чоколадна глазура
Од оваа доза на состојки седобиваат два милиброди, што е одлично за уживање со пријателите и семејството.
Ingredients
Да стаса на страна
- 120 мл млеко
- 1 лажица шеќер
- 2 лажици брашно
- 20 г свеж квасец
За тестото
- 500 г брашно
- 150 г шеќер
- кора од 1/2 лимон
- 180 мл млако млеко
- 100 г путер омекнат
- 1 пакетче махлепи
- 2 јајца на собна температура
За чоколадната глазура
- 250 г темна чоколада растопена
- 250 г бела чоколада растопена
Instructions
- Во сад ставете ги квасецот,млакото млеко, брашното и шеќерот да стасаат околу 15 минути.
- Во голем сад ставете гисите состојки потребни за тестото и стасаниот квасец. Замесете меко тесто иоставете го да стаса околу 90-120 минути.
- Откако тестото ќе стасаподелете го на два еднакви делови и секој дел поделете го на три дела.
- Можете да го сплетете воплетенка или секој од деловите да го премачкате со мармалад од сливи и дасплетете плетенка.
- Оставете ги милибродите вотавче обложено со хартија за печење да стасаат околу 30 минути и премачкајте гисо изматено јајце.
- Печете во загреана рерна на180 степени околу 30-40 минути, а кога ќе бидат готови оставете ги да се изладат.
- Прелијте ги со растопеночоколадо и сервирајте.Добар апетит и забавно готвење!