Меден колач со јаболка

Шолја од омилениот чај секогаш оди совршено добро со парче меден колач со јаболка. Секое залче од овој колач се топи во устата, а мирисот на печени јаболка е како топла утеха на врнежлив и студен ден.

meden kolac so jabolka. колач со јаболка и мед

Јаболката и медот ми се совршена комбинација за есенската и зимската сезона.  Затоа често знам да одвојам малку време и да го подготвам овој едноставен, но мошне вкусен домашен колач. За комплетно и незаборавно хедонистичко уживање, кога ќе го приготвувате овој рецепт, во јаболката додадете една лажичка цимет.

меден колач со јаболка

Меден колач со јаболка

Шолја од омилениот чај секогаш оди совршено добро со парче меден колач со јаболка. Секое залче од овој колач се топи во устата, а мирисот на печени јаболка е како топла утеха на врнежлив и студен ден.
време за подготовка 15 mins
време за готвење 40 mins

Состојки
  

  • 120 г брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сол
  • 120 г путер омекнат
  • 3-4 лажици мед
  • 2 јајца на собна температура
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2-3 јаболка излупени и исечкани на парчиња
  • кора и сок од 1/2 лимон
  • шеќер во прав за декорација

Начин на подготовка
 

  • Во сад измешајте гизаедно брашното, прашокот за печиво и солта.
  • Во друг сад со миксеризматете го путерот и медот и екстрактот од ванила (или ванилиниот шеќер). Додадетеги јајцата и добро изматете.
  • Потоа започнете да гидодавате сувите состојки на два пати матејќи колку само да се соедини целатасмеса.
  • Во садот со јаболкатаставете ја кората и сокот од лимонот, па потоа ставете ги јаболката во колачот. По желба може да додадете и една лажичка цимет бидејќи одлично одговара сојаболката.
  • Префрлете ја смесата воокругло тавче на механизам бр: 23-24 добро премачкан и обложен со хартија. Исто така, пред печењенарусете 1-2 лажички кристален шеќер врз колачот.
  • Печете во загреана рернана 180 степени околу 40-45 минути, додека не добие убава златно-кафена боја илидодека чепкалката не излезе чиста кога ќе боцнете во средина на колачот.

Остави коментар