На една од масите во мојата кујна секогаш стои голем стаклен сад преполн со колачиња. Ова е мојата тегла за „прва помош“ во ситуации кога ќе ми се најават неочекувани гости, или пак едноставно копнеам по мало слатко задоволство додека го пијам утринското кафе и уживам во сончевите зраци на новиот ден.

Во садот има најразлични типови на колачиња, меѓу кои и оние со вкус на чоколадо и малина, одлична комбинација каде свежиот вкус на малината како да флертува со топлите ноти на чоколадото, создавајќи единствен и неповторлив вкус.
Се подготвуваат за неверојатни 20 -25 минути вклучувајќи го тука и времето за печење, па доколку токму денес ви се јадат колачиња Ви препорачувам веднаш да започнете со подготовката.

Колачи со чоколадо и малина
Ingredients
- 120 г путер или маргарин омекнат
- 100 г шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 1 јајце
- 180 г брашно
- 1/2 лажичка прашок за печиво
- прстофат сол
- 100 г замрзнати малини
- 70 г чоколадни капки или исечкано чоколадо на коцки
Instructions
- Во длабок сад промешајте ги брашното, прашокот за печиво и прстофат сол.
- Во друг сад изматете го путерот или маргаринот пенесто заедно со шеќерот и ванилата. Додајте го јајцето и матете додека не добиете изедначена смеса.
- Додајте ги сувите состојки (брашното, печивото и солта измешани заедно) и со помош на шпатула добро промешајте додека не добиете тесто за колачиња.
- Додадете ги малините и чоколадните капки, мешајки внимателно за да не ја обоите целата смеса во розова боја од малините. Со помош на алатка за сладолед оформете ги колачињата и ставете ги во тавче обложено со хартија за печење.
- Со помош на набрашнета вилушка израмнете ги колачињата од две страни
- Печете во веќе загреанарерна на 190 степени околу 10-12 минути.
- Оставете да се изладат околу 10 минути, со што ќе ја добијат посакуваната цврстина. Добар апетит и забавно готвење!