Замислете си утро започнато со мирисот на топли ѓевречиња кој се шири по целиот дом. Секогаш кога ќе го почувствувам тој препознатлив мирис се навраќам во детството, на старите добри времиња, кога со нетрпение чекав да ми купат крцкаво ѓеврече.

Денес, ѓевречињата си ги приготвувам сам бидејќи уживам во домашна и супер ароматична храна. Постапката на подготовка е мошне лесна и практична, а крајниот резултат се превкусни ѓевречиња, какви што нема ни во пекара. Доволно е да ги направите само еднаш и да го навлечете целото семејство на нивниот препознатлив вкус.

Домашни варени ѓевречиња
Ingredients
За ѓевречињата:
- 700 г брашно
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 2 лажици соино, оризово или кравјо млеко
- 2 1/2 лажички сув квасец
- 450 мл млака вода
За водата во која ќе се варат
- 2 л вода
- 2 лажици мед или шеќер
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1 лажица млеко во прав (соино, оризово или кравјо)
- сусам, ким, суво оригано, лук во прав, буковец за наросување
Instructions
- Во длабок сад ставете гибрашното, солта, шеќерот, млекото во прав и сувиот квасец. Промешајте и додајтеја млаката вода. Замесете меко тесто и оставете го да отстои околу час до час иполовина на топло место.
- Поделете го стасанототесто на 8 поголеми или 16 помали делови (во зависност колкави сакате да бидатѓевречињата) и секое парче тесто оформете го како ѓеврек т.е. направетевдлабнатина во средината. Ставете ги формираните ѓевречиња во тавче обложено сохартија за печење и оставете ги да одморат 15-20 минути – непокриени.
- Во голема тава загрејтеја водата на средна температура и додајте го млекото во прав и медот илишеќерот. Водата не треба да врие туку потребно е да ја одржувате температуратада биде пред вриење.
- Варете две три ѓевречињапо 30 секунди од секоја страна, па потоа вратете ги варените ѓевречиња вотавчето обложено со хартија за печење.
- Наросете сусам, зачиниили семиња по желба и печете во веќе загреана рерна на 180 степени околу 20-30минути.Добар апетит и забавно готвење!
Pingback: Појадок кој ќе ве врати во детството – ѓевречиња со путер и мед | Dave's Kitchen