Сте пробале ли топла, сочна, традиционална и домашна сеченица? Доколку сте, тогаш сигурно знаете колку е вкусна и мека, а во исто време и колку убаво мами со својот мирис.
Денеска успеав да го поедноставам рецептот за подготовка на оваа лисната пита. Па со Вас споделувам супер брза и многу вкусна сеченица подготвена со готови кори и дробено сирење.

Ако поради некоја причина не јадете сирење или постите за филот можете да употребите и праз, кисела зелка или спанаќ. Можете да ја јадете веднаш, но јас би препорачал да ја оставите малку да се излади. На крај уживајте во неа во комбинација со чаша јогурт или кисело млеко.

Домашна сеченица
Ingredients
- 500 г кори за пита
- 1 коцка свеж квасец
- 500 мл минерална (кисела) вода
- 250 мл масло за јадење
- 15 лажици брашно
- 700 г дробено сирење
- 3 јајца
Instructions
- Најпрво земете тавче број32 и премачкајте го со масло.
- Во сад измешајте ги јајцатаи дробеното сирење за да го добиете филот.
- Во сад на страна измешајтеги квасецот, минералната или обичната вода, маслото за јадење и брашното. Потребное да добиете смеса со која ќе ги премачкувате корите.
- Наредете една кора вотавчето и малку премачкајте ја со смесата од квасец. Потоа ставете уште една кора и премачкајте со две -три лажици од преливот со квасец. Ставете малку од филот со сирење, па постапката повторувајте ја на истиот принцип додека не ги потрошите корите, филот и преливот со квасец. Врз секоја кора се става од преливот, а врз секоја втора од филот со сирење.
- На крајот наредете две кори и прелијте со фил. Земете остар нож и внимателнопресечете коцки.
- Ставете ја питата во рернаи вклучете ја температурата на 190 степени. Печете додека не добие убавазлатно-кафена боја или околу 35-45 минути, во зависност од рерната.Добар апетит и забавно готвење!