Секој врвен пица мајстор во ракав крие по некој трик поради кој неговата пица е поинаква и повкусна од преостанатите.
Мојата тајна за оваа домашна пица е во прскањето на тестото со вода непосредно пред самото печење, постапка која ќе ви помогне да добиете крцкави краеви и прекрасна златно-кафена боја.

Кога сакам нешто пикантно, користам кулен или чајна, додека кога ја приготвувам за вечера секогаш се определувам за полесна вегетаријанска опција, која е подеднакво вкусна. Вие можете да одите по мојот рецепт или пак да си направите своја верзија со омилените состојки.

Домашна пица со крцкаво тесто
Ingredients
- 360 г брашно
- 200 мл млака вода
- 1 пакетче сув квасец
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 2-3 лажици маслиново масло
За топингот:
- доматен сос
- свежа тиквичка, исечкана на тенки парчиња
- свежи или марининирани шампињони
- оригано
- изрендан кашкавал
- парчиња кулен или чајна
- маслиново масло
Instructions
- Во длабок сад замесете тесто од сите наведени состојки. Оставете го тестото да стаса на собна температура околу 1 час.
- Потоа поделете го на 4-5 делови, во зависност колкави сакате да бидат вашите пици. Растегнете го секој дел со помош на дланките (не го расукувајте тестото).
- Ставете доматен сос, тиквичка, кулен, шампињони, кашкавал и суво оригано.
- Полејте малку маслиново масло и печете во веќе добро загреана рерна на 190 степени. Штом го ставите тавчето со пицата во рерна испрскајте со вода и веднаш затворете ја рерната.
- Печете 12-15 минути додека кората не добие убава златно-кафена боја.Добар апетит и забавно готвење!