Кога веќе го направивме ајварот и другата зимница, ни остана да направиме и вкусно домашно лепче. Оние кои уживаат во едноставни нешта, знаат колкаво е задоволството кога на кришка од штотуку испечен топол леб ќе се намачка ајварче и ќе му се додадат парченца бело сирење.

За оваа безвременска и култна комбинација, денес Ви презентирам еден рецепт за домашно меко лепче, кое се приготвува на интересен начин.
Освен што е одличен на вкус, овој леб има и впечатлив изглед.

Домашен леб
Освен што е одличен на вкус, овој леб има и впечатлив изглед. Се подготвува на специфичен начин со помош на ножички за да добиете одлична презентација.
Ingredients
- 350 г брашно
- 200 мл млака вода
- 1 1/2 лажичка сув квасец
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица маслиново масло
Instructions
- Во длабок сад ставете гибрашното, сувиот квасец, солта и шеќерот. Додајте ја млаката вода и промешајтесо дрвена лажица за да ги соедините состојките. Потребно е да подготвите многулепливо и меко тесто.
- Покријте го садот сокрпа и оставете го тестото да стаса на собна температура околу 1 час.
- На добро набрашнетаработна површина префрлете го тестото и оформете долга векна (нешто слично какобагет леб). Тестото ќе биде многу лепливо, па често набрашнувајте ги рацете.
- Префрлете ја векната вотавче обложено со хартија за печење и со ножици под агол од 45 степенипресечете парчиња (не сечејки ги комплетно од векната). Премачкајте го лебот сомаслиново масло и по желба нарусете сусам, оригано и ким.
- Во лонче (илиогноотпорен сад) зовријте вода и ставете го во тавчето на страна. Причинатапоради која се става лончето со вода е да се создаде пареа во рерната припечење за да добиете добро нараснат леб кој нема да биде тврд.
- Префрлете го тавчето вовеќе загреана рерна на 220 степени и печете околу 25-30 минути. Од време навреме, на секои 7-8 минути, отворете ја рерната и со помош на прскалка со водапрснете неколку пати за да ја одржувате влагата во рерната.
- Штом го извадите леботод рерна покријте го со влажна крпа за да остане мек и до наредниот ден.