Еден од омилените слатки појадоци ми се крофните полнети со џем од јагоди. Ова ретро благо ми е идеално за започнување на работната недела и уживам да го консумирам со чаша млеко или пак топла шолја кафе.

Долго време размислував на тоа која би била совршената комбинација на состојки со кои би добил супер ровки, воздушести и крцкави крофни. По неколку експерименти, гордо Ви го презентирам мојот рецепт кој е мошне брз и лесен за подготовка. Сигурен сум дека после ова и Вие редовно ќе го започнувате понеделник со загриз во топла крофна исполнета со красит џем.