Американски палачинки

Кој не би сакал да биде изненаден со појадок во кревет особено кога е послужен на посебен начин, како од познатите филмски сцени?

Овие одлични Американски палачинки со сигурност ќе Ви се допаднат бидејќи се меки, ровки и полни со вкус. Се што Ви треба е само 10-тина минути од Вашето време и ќе подготвите одличен појадок кој може да го послужите со џем или свежо овошје или пак оние кои се за послатка варијанта – чоколаден крем со лешници.

Доколку користите свежо овошје во овој рецепт, ви препорачувам да користите и јаворов сируп или мед за максималн уживање во вкусот.

Со ваков појадок неизбежно е да се послужи и шолја кафе и свежо исцеден сок од ананас или портокал. Бидејќи секогаш внимавам на деталите, украсете ја дрвената даска со свежо цвеќе. Никогаш не заборавајте дека малите нешта се оние кои го прават животот убав.

Уживајте во овој рецепт и подгответе го за појадок за неделното утро.

американски палачинки

Американски Палачинки

Меки, ровки и полни со вкус, овие палачинки се одлични за појадок за неделното утро!
време за подготовка 5 mins
време за готвење 10 mins
Course Breakfast
Cuisine American
сервирања 2

Состојки
  

  • 120 г брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1/4 лажичка сол
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 3 лажици растопен путер
  • 250 мл млеко
  • 1 јајце на собна темепратура

Начин на подготовка
 

  • Во длабок сад изматете ги сите состојки за да ја подготвите смесата за палачинките. Потребно е внимателно да промешате внимавајќи да не ја премешате смесата. Смесата е добро измешана веднаш штом се спојат состојките. Доколку има неколку мали грутчиња тоа е во ред, не продолжувајте да матите. Трикот за воздушести Американски палачинки е во тоа смесата да ја оставите 2-3 минути да одмори. Значи, штом ја измешате смесата загрејте тава на оган на средна температура и растопете една лажица путер. Ставете малку од смесата со лажица во средишниот дел на тавата.
  • Гответе ги палачинките по 1 минута од секоја страна. За да ги превртите користете голема шпатула за да не Ви се размачка смесата при вртењето.
  • Сервирајте во елегантна чинија и декорирајте ги со јаворов сируп, мешано шумско овошје. Ова е одлична идеја за појадок во кревет, па послужете во послужавник со шолја кафе, свежо изцеден сок од ананас и мали порции од Вашите омилени џемови.
  • Добар апетит и забавно готвење!
Keyword американски палачинки, палачинки

Остави коментар