Кога ќе ми се најават гости и ќе ми кажат дека за 30-40 минути ќе наминат на седенка знам дека воопшто не треба да се грижам со што ќе ги послужам. Најголемото очекување на секој гостин кога ќе дојде кај мене е дека „мора“ да проба некои од моите специјалитети.
Она што прво ми доаѓа на ум е секогаш брускета лепчиња – брзи, едноставни, но сепак толку посебни што ги задоволуваат сите сетила. Дури и да ги немате сите состојки дома, многу лесно и брзо може да ги набавите од најблискиот супермаркет. Се што ќе ви биде потребно е багет леб ( може да користите и обичен или тост леб), свежа моцарела, шери домнати, свеж босилек, суво оригано и маслиново масло.

Времето за подготовка е брзо, но за да го искористите максимално, лепчињата можете да ги потпечете и претходно и само да ги додадете другите состојки за да ја растопите моцарелата непосредно пред послужувањето.
Иако брускетата со домати асоцира на летно мезе, и секако дека е, може да ја користите во текот на годината за различни пригоди. Доколку користите домати во зимскиот период, нема потреба да се грижите за вкусот, бидејќи надополнувањето на полната арома на доматот ќе ја направат босилекот, маслиновото масло и ориганото. За поегзотичен вкус полејте и малку оцет балсамико.
На крајот, ќе имате одлично мезе кое со сигурност гостите ќе го уживаат. Уште сега ве предупредувам да ја дуплирате дозата, а кога ќе им кажете дека сте ги подготвиле за неколку минути, погледнете ја нивната реакција.

Брускета лепчиња со моцарела и шери домати
Ingredients
- 1 багет леб
- 300 г свежа моцарела
- 2-3 лажици маслиново масло ладно цедено
- 1 лажичка сув босилек
- 200 г шери домати
- 10 листови босилек свеж
Instructions
- Пресечете го багет лебот на половина и потпечете го во загреана рерна на 150 степени околу 5-10 мин за да стане крцкав.
- Пресечете ја моцарелата на ленти и наредете врз потпечените лепчиња.
- Наредете и кругови шери домати, рендан пармезан и сув босилек.
- Полејте со малку маслиново масло и печете во загреана рерна на 150-160 степени околу 15- 20 минути.
- Пред сервирање наредете листови свеж босилек и полејте со малку маслиново масло.
- Добар апетит и забавно готвење!