Лиснати индиски лепчиња

Подгответе ги без да чекате да стасуваат, по ваш вкус и користете ги за со вашиот омилен намаз, за бурито или пак за тортиља чипс.

0-02-04-c2dcc00cfd081246e7bca8a442c34342e7a3920560be4a357a748c08c7a3125b_88606351.jpg

Дали знаете дека обичните тортиља лепчиња може да имаат побогат и поегзотичен вкус доколку ги подготвите сами? Се се случува за помалку од 30 минути. Замесувате тесто, НЕ ГО ЧЕКАТЕ ДА СТАСА! , премачкувате со путер и додавате од вашите омилени зачински билки, пржите на само 2-3 минути од секоја страна и на крајот дури се зачудувате на вашите кулинарски способности. 😉
Овој рецепт претставува едноставен начин да уживате во толку многу вкусови со минимален труд.

Потребни состојки:

400 гр. брашно
170 мл. студена вода
1 лажичка сол
150 гр. растопен путер
Зачини по желба ( јас користев букова сол и оригано)

Замесете тесто од првите три состојки. Поделете го на 8 еднакви делови и оставете 2-3 мин да одморат ( за тоа време растопете го путерот и ставете една тава на оган да се грее, без масло). Секој дел расукајте го во мал круг и премачкајте го обилно со путерот , нарусете зачини и пресечете еден радиус ( само до пола од кругот). Виткајте во облик на фишек и кога ќе добиете фишек сплескајте го со рацете надоле. На овој начин се соединуваат сите вкусови и се создаваат слоеви. Расукајте повторно и пржете ги на загреана тава од двете страни по 2-3 минути. Конзумирајте ги додека се топли и со вашиот омилен намаз (хумус, тапенада, ..)

Добар апетит и забавно готвење!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s