Ви текнува на моментот кога вашите сетила копнеат по одреден вкус? Едно летно попладне, имав криза за нешто благо. Веднаш помислив на десерт кој е кремаст, богат и чоколаден. Во исто време си реков дека треба да има и цитрусна арома, која совршено ќе се вклопи-портокал. Толку ми требаше, па се упатив кон кујната да ја реализирам мојата идеја.
Додека го ставив тенџерето на оган, веќе имав јасна слика за тоа како ќе изгледа финалниот резултат. Започнав со слатка павлака и шеќер, кои треба да се остават на оган до моментот пред да зовријат. Не смеам да заборавам еден важен момент-аромата на портокал. Не знаете каква совршена комбинација произлегува кога доаѓа до спој на чоколадо и портокал. Еднноставно комбинација создадена во рајот. Додадов коцки темно чоколадо, кое веднаш почна да се топи и да испушта благ мирис. Во тенџерето ставив сок и кора од портокал, за да ја постигнам првичната цел. За вкусот да биде побогат, додадов и ликер од портокал.
Додека кремот се вареше, сипав и една чашка за мене. Зошто да го чувам за посебни прилики, кога можам секоја прилика да ја направам посебна? Не заборавајте да уживате во секој момент од животот.

Кремав чоколаден десерт со арома на портокал
Ingredients
- 100 гр. шеќер
- 500 мл. слатка павлака
- кора од 1/2 портокал
- Сок од 1/2 портокал
- 150 гр. темна чоколада со минимум 70% какао делови во неа
- 2 лажички ликер од портокал
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 50 гр. путер
- рендано чоколадо за декорација
Instructions
- Во тенџере на оган загрејте ги слатката павлака и шеќерот.
- Додадете ја кората од портокал и штом дојде смесата до точка на вриење, тргнете од оган и додадете го чоколадото, ванилата, ликерот од портокал, путерот и добро промешајте со жица за матење додека смесата не биде мазна ( околу 2 минути).
- Претурете ја смесата во чашки за сервирање и оставете минимум 2 часа да се стегнат во ладилник. Добар апетит и забавно готвење!