Низ страниците на “Гответе насмеани”

Декември 2017 година беше многу важен месец за мене. Како што веќе знаете  од печат излезе мојот прв готвач.

IMG_20180419_181123_914.jpg

„Гответе насмеани“ беше прекрасен проект, на кој работев со огромно задоволство и ентузијазам. Претставуваше голем предизвик да се работи самостојно, но успеав! Уживав во подготовката , сервирањето, како и фотографирањето на секој рецепт. Прекрасно е чувството кога сте заљубени во она што го работите. За мене готвењето е пасија и полето во кое што се пронајдов .

IMG_20180702_090526_766.jpg

Секојдневно споделувам интересни рецепти со вас на социјалните мрежи, но овојпат имав задача тоа да го направам „црно на бело“. Инспирацијата дојде од голем број на мои следбеници кои ме прашуваа дали некаде може да купат моја книга. И така, овој готвач од идеја премина во реализација. Во продолжение ќе ви откријам нешто повеќе околу тоа како се „крчкаше“ моето првенче.

Мотивиран од моите блиски, одлучно донесов одлука-оваа книга ќе стане реалност. Уште веднаш имав јасна замисла. Тоа ќе биде еден несекојдневен готвач наменет за сите генерации, па дури и за оние кои се почетници во кујна. Современиот начин на живот можеби не ни остава доволно време за готвење и уживање во добра храна, но сепак можете да сторите нешто. „Гответе насмеани“  е прирачник за оние моменти кога сакате да подготвите нешто што ќе ги воодушеви сите, но не бара многу време за подготовка. Од друга страна, сите јадења се прекрасни на изглед и ве уверувам дека ќе ги примамат вашите гости. Од кремасти десерти, до лесни салати и миризливи пецива, има за секого по нешто. Минимален труд за максимално задоволство е слоганот кој гордо го носи оваа книга.

IMG_20180723_134513_336

Додека вашите прсти листаат низ мазните и колоритни страници, се шири пријатен мирис на свежо печатена хартија. Секоја посебна страница е приказна сама по себе.

Ова не е обичен готвач на кој се навикнати вашите мајки и баби, туку една модерна сликовница за сите возрасти. Секоја фотографија ќе ве натера да посакате да посегнете по сервираната храна. Од друга страна, ќе ви даде идеја каква торта да приготвите за да изненадите некого за роденден. Бабите може да најдат супер рецепт за мечиња колачиња, со кои ќе ги воодушеват нивните внуци. Секој може да најде прикладен рецепт за кое било доба  од денот, и за секоја прилика.

„Гответе насмеани“  е готвач кој секоја жена мора да го има во својата колекција. Нуди повеќе од 80 рецепти спакувани во симпатично и разиграно издание, кое ќе ги разбуди сите ваши сетила. Купете го за вашата мајка, сестра, сопруга,или пак пријателка. Не заборавајте дека ќе им биде од особена полза на новопечените домаќинки, кои сакаат да изненадат со некој брз и превкусен рецепт. Па затоа не чекајте и упатете се во книжарниците на:

  • Литература.мк ( ул.Македонија, спроти спомен куќата на мајка Тереза)
  • Литература.мк во Рамстор на вториот спрат
  • Книжарница Култура на самиот плоштад во центарот на Скопје
  • Книжарница Три во ГТЦ на вториот спрат
  • Книжарница Три во Дебар Маало
  • Книжарница Просвета во Охрид ( кај стара чаршија, близу чинарот)

за да го имате во својата домашна колекција.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s