Пилешко во сос од лимон

Моите пријатели едногласно потврдија дека волку добро пилешко немаат пробано досега!
Токму затоа и го одбрав овој рецепт да биде дел од мојата роденденска трпеза.

Не преувеличувам кога велам дека гостите беа фасцинирани од сочните парчиња пилешки стек прелиени со сос од лимон. Тоа многу ме израдува, па морав да ја споделам тајната за овој рецепт со вас!

Првата тајна што еден стек ќе го претвори во вистински гурмански оброк е ароматичната саламура во која го оставате да преноќи. Јас препорачувам спој на сенф и доматен сос, кои ќе му дадат посебен вкус на месото.
Постои уште една тајна. Откако ќе ги испржите, покријте ги со алуминумска фолија. На тој начин месото ќе остане сочно и многу меко.
Што мислите вие за овој начин на подготовка?

IMG_0120.jpg

Потребни состојки:

4 парчиња пилешки гради
1 лажица оригано
1 лажица сенф
1 лажица доматен сос
1 лажица мешан сув зеленчук
сол и мелен црн пипер по вкус
4 лажици масло за јадење

За сосот со лимон:
200 мл. павлака за готвење
1 коцка за супа
1 лажичка кари
сок од 1/2 лимон
1 лажичка рендана кора од лимон
сол и мелен црн пипер по вкус

Во длабок сад ставете ги парчињата пилешки гради. Додадете оригано, сенф, доматен сос, мешан сув зеленчук, сол и мелен црн пипер по вкус и масло за јадење. Со помош на дланките убаво измасирајте ги пилешките гради со цел да се соединат сите вкусови. Вака подготвените пилешки гради поклопете ги со капак или пак со хартија за свежа храна и чувајте ги во ладилник минимум 12 часа ( ова е тајната да бидат ровки). Во загреана тава со масло на средна температура пржете ги пилешките гради од двете страни по 7-8 минути. Готовите парчиња пилешки стек ставете ги во сад и покријте со алуминиумска хартија ( ова исто така дополнително допринесува за мекоста на месото).
Во тенџере на оган загрејте ја павлаката за готвење. Додадете ја коцката супа, карито, сокот и кората од лимон, сол и мелен црн пипер по вкус и течноста која пилешките гради ја испуштиле во чинијата под алуминимска фолија. Промешувајте константно и гответе околу 3-5 минути.
Сервирајте во чинија, полејте од преливот со лимон и нарусете свежи исечкан магдонос.

Добар апетит и забавно готвење! 

IMG_0124- pilesko.jpg

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s