мафини со вишна

Мафини со вишни

Традиционалната класика- колач со вишни, трансформирана во нешто што ќе ви го одземе здивот, а сетилото за вкус ќе ви биде повеќе од благодарно!
Ве уверувам дека спојот на овие вкусови кои се создадени со едноставни состојки нема да ве остави рамнодушни.

Процесот на печење колач е вистинска терапија – соединување на состојките, матење со миксер, додавањето на нови вкусови,…. тотална хармонија за вашата душа. Сите креации кои излегуваат од вашата кујна, а истите ги споделувате со пријателите и членовите од семејството, сето тоа е клучен момент за јакнење на вашата врска како семејство, пријатели, па дури и познаници.

Овој рецепт е доказ дека инзвонредните вкусови се создадени со свежи и едноставни состојки и  дека не е потребно да поминувате часови во кујната за да подготвите нешто што ќе ги разбуди спомените од минатото ( ќе се присетите на колачот кој ви го подготвувала вашата мајка, баба…).

мафини со вишна

Мафини со вишна

Традиционалната класика- колач со вишни, трансформирана во нешто што ќе ви го одземе здивот, а сетилото за вкус ќе ви биде повеќе од благодарно!
време за подготовка 10 mins
време за готвење 15 mins
Вкупно време 25 mins
сервирања 16

Состојки
  

  • 2 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 пакетче ванила
  • 1/2 чаша масло
  • 1/2 чаша јогурт
  • 1/2 пециво
  • 1 1/2 чаша брашно
  • 150 гр вишни

Начин на подготовка
 

  • Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. После 10 минути матење додадете го маслото, јогуртот и промешајте.
  • Додадете го брашното и печивото и промешајте. Во подмачкан калап за мафини ставете со алатка за сладолед.
  • Потребно е да бидат калапите полни 3/4. Додадете ги одозгора вишните и печете на 180 околу 15 минути.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар