Ароматичен пекарски компир

Сигурно веќе ја имате видено мојата градина на фотографиите кои постојано ги споделувам. Одгледувањето на храна е исто така нешто во кое уживам, освен приготвувањето. Чувството да уживаш во храна која самиот си ја одгледал и подготвил за мене е непроценливо.

Највозбудливо е кога доаѓа времето кога треба да се види крајниот резултат, односно да го набереш она во кое си вложил труд.  Според моите калкулации, овој период би требало да има млади компири. Потребни им се 3 до 4 месеци за да се спремни за берба, откако ќе ги насадите, па се упатив кон тој дел од градината да видам што ме очекува таму.

IMG_20180714_124338_401.jpg

Набраните компири ги оставив во мала симпатична корпа во кујната. Што ли вкусно да подготвам со нив? Се одлучив за класика-пекарски компир. Но овојпат, решив да го збогатам со интересни вкусови и ароми. Компирот како неутрална намирница можете слободно да го подготвите со разни зачински билки, кои ке го збогатат вкусот. Секако кралот на зачините кој највеќе одговара со печен компир е рузмаринот, но овој пат решив да користам мајчина душичка.

Може да ги комбинирате со сочно парче месо за ручек. Но, ве уверувам дека ќе сакате да ги јадете самостојно бидејќи се превкусни. Пред да ги ставам во рерна компирите ги прелив со мешавина од сенф, растопен путер, мајчина душичка, лук, мелен црн пипер, сол и букова сол.

Толку многу вкусови на едно место, споени со цел да создадат вистинско уживање за непцата. Но, едно е најважно-вкусот на органски одгледан компир од градината е неспоредлив со оној купечкиот.

Дали и вие би се согласиле со мене?

IMG_1092.jpg

Потребни состојки:

1 кгр. млад компир
100 гр. растопен путер
2 лажички сенф
2 лажички свежа мајчина душичка
сол по вкус
мелен црн пипер по вкус
1 лажиче букова сол
2 чешниња лук, ситно исечкани

Најпрво во тенџере на оган ставете го компирот и додадете студена вода. Нека зоврие компирот и гответе околу 15 минути на средна температура. Исцедете од течноста и во тегличка или сад на страна додадете го сенфот, лукот, растопениот путер, мајчината душичка, сол и мелен црн пипер по вкус и букова сол. Добро промешајте и претурете ја смесата во тава за печење обложена со алуминиумска фолија или хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути.

Добар апетит и забавно готвење!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s