limonada

Лимонада со малини

Во топлите летни денови, нема ништо поосвежувачко од чаша студена лимонада. Затоа се одлучив за интересен рецепт кој мене ми стана омилен – лимонада со малини.

Богатиот и киселкаст вкус на малините ме воодушевува, па затоа не пропуштам да купам по некое канче кога има на залиха на зелените пазари. Овојпат, тие се најдоа како одличен додаток на свежата лимонада.

Розевата лимонада ја сервирав во мали теглички, со интересни и разиграни цевки.
Совршен напиток и за мали и за големи!

IMG_1106.jpg

limonada

Лимонада со малини

Богатиот и киселкаст вкус на малините ме воодушевува, па затоа не пропуштам да купам по некое канче кога има на залиха на зелените пазари.
време за подготовка 10 mins
Вкупно време 10 mins
сервирања 4

Состојки
  

  • 350 мл. свеж сок од лимон
  • 1 л. вода
  • 250 гр. малини
  • 70 гр.
  • 50 гр. шеќер
  • 50 мл. вода
  • мраз

Начин на подготовка
 

  • Во длабок бокал ставете го  сокот од лимон и водата.
  • Малините и шеќерот (70 гр.) сварете ги додека не се распаднат, а потоа прецедете ги низ цедалка. Течноста додадете ја во бокалот.
  • Сварете едноставен шербет од 50 гр. шеќер и 50мл. вода, изладете го комплетно и додадете го во бокалот. Промешајте и додадете многу мраз.
  • Сервирајте ја во мали чашки и уживајте со супер кул друштво.
    Добар апетит за готвење!

Остави коментар