Овој рецепт ќе ви докаже дека може да јадете сладолед без грижа на совест! Совршен е за топлите летни денови кога внимаваме на фигурата бидејќи не содржи ни трошка шеќер.
Ова совршено ледено задоволство ќе ги изненади вашите сетила со кремаста текстура и неодолив вкус на малина.
Трикот е во зрелите банани кои се доволно благи, па нема потреба за додавање шеќер. Воедно, ова е и посен рецепт бидејќи содржи бадемово млеко.
Што може да биде подобро од здрав и вкусен десерт? Ве предизвикувам веднаш да влезете во кујната и да го подготвите!

Домашен сладолед без трошка шеќер
Ова совршено ледено задоволство ќе ги изненади вашите сетила со кремаста текстура и неодолив вкус на малина.
Ingredients
- 3 зрели банани
- 1 канче малини
- 200 мл. бадемово млеко
Instructions
- Најпрво исечкајте ги бананите на кругови и ставете ги во кеса за замрзнување. Замрзнете ги и малините.
- Потоа ставете ги во блендер замрзнатите овошја и додадете го бадемовото млеко. Блендирајте додека не добиете густа каша на лип полустопен сладолед.
- Префрлете ја смесата во пластичен сад и замрзнете ја смесата околу 2 часа. Сервирајте со гранче нане и малини.Добар апетит и забавно готвење!