Мини индивидуални тартови

После еден успешен експеримент во кујната, ми остана малку бисквитно тесто со путер.
Стандарден слаткарски фил со вкус на ванила звучеше како одлична комбинација со крцкава подлога . И така успеав да ги направам овие превкусни мини тартови кои верувам дека ќе ве освојат со својот изглед.
Кој вкусен рецепт вие би го подготвиле со бисквитно тесто? Споделете во коментари!

Потребни состојки:

За кората:
150 гр. брашно
1 лажица шеќер
прстофат сол
120 гр. студен путер, исечкан на коцки
2 лажички студена вода

За филот:
1 пудинг од ванила
300 мл. млеко
100 гр. шеќер
125 мл. млеко
1 кесичка за шлаг
1 лажичка есктракт од ванила

За декорација:
свежи малини
свежи гранчиња нане

Во длабок сад промешајте ги заедно брашното, шеќерот и солта. Додадете го исечканиот путер на коцки и со помош на дланките втријувајте го така што би добиле ситни трошки како песок. Додадете ги лажиците студена вода и со помош на дланките оформете тесто. Спакувајте го тестото во хартија за печење или хартија за свежа храна и оставете да одмори и да се стегне околу 30 минути во ладилник.
Во тенџере на оган загрејте го млекото, а пред да дојде до точка на вриење додадете го пудингот, промешан со малку млеко и шеќер. мешајте константно додека смесата не се згусне. Покријте со хартија за свежа храна за да пудингот не фати кора.
Расукајте го тестото, и со помош на чаша пресечете кругови, а потоа нанесете ги во мини калапи за тартови. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 7-9 минути.
Изматете го млекото со кесичката за шлаг. Додадете ванила и промешајте. Изматете го изладениот пудинг со помош на миксер, а потоа на третини додадете го изматениот шлаг. Добро промешајте. Со овој фил наполнете ги корпите тартови , декорирајте со малини и свежо гранче нане.

IMG_0009-mini individualni tartovi.jpg

Добар апетит и забавно готвење! 🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s