Чизкејк мафини со лимон

Ве уверувам дека овој десерт ќе ве освои уште на првото залче!
Класичниот чизкејк освојува со својот префинет вкус. Но овојпат, миксот на ровка и кремаста текстура доаѓа во форма на мафини. Плех или калап за мафини, изборот е ваш. Едно е сигурно-овој рецепт ќе ги освои вашите сетила! Дали би се согласиле со мене? Споделете го вашето мислење во коментарите!

Потребни состојки:

За подлогата од бисквити:
150 гр. мелени бисквити
5 лажици растопен путер

За чизкејк смесата:
450 гр. неутрално крем сирење, на собна температура
100 гр. шеќер
2 јајца
сок од 1 лимон
кора од 1 лимон
2 лажички екстракт од ванила

За декорација:
250 гр. млеко
2 кесички за шлаг
1 лажичка екстракт од ванила
малини
гранчиња свежо нане

Во длабок сад промешајте ги заедно мелените бисквити и растопениот путер. Потоа, во калап за мафини наредете корпици за мафини и наполнете по 1 лажица од смесата со бисквити. Со помош на мала чашка стиснете така што, ќе ја израмните подлогата со бисквити и растопен путер.
Во блендер или сад со миксер, ставете го крем сирењето, шеќерот, јајцата, сокот и кората од лимон и екстрактот од ванила. Добро изблендирајте или изматете со миксер додека не се соедини целата смеса. Од оваа смеса наполнете ги корпите за мафини, така што би биле полни 3/4 од целиот простор. Печете во загреана рерна од 170 степени околу 15-17 минути. Оставете комплетно да се изладат, а потоа одстранете ги корпите за мафини.
Во сад на страна изматете цврста шлаг пена од млекото, кесичките за шлаг и ванилата. Изматениот шлаг префрлете го во готварски шприц и нанесете на секое парче од чизкејк мафините. Декорирајте со малина и гранче свежо нане.

IMG_0006-cizkejk mafini.jpg

Добар апетит и забавно готвење! 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s