Чоколаден мус со малини

Ако вашите непца копнеат по богат вкус на чоколадо и кремаста текстура, тогаш овој чоколаден мус ќе стане вашиот омилен рецепт. Ги задоволува критериумите дури и на најголемите чоко-холици.

IMG_0169.jpg

Ако редовно ги следите моите рецепти, сигурно сте забележале дека често подготвувам различни верзии на чоколаден мус. Поради богатиот вкус препорачливо е да го сервирате во мали количини. Јас се одлучив за мала стаклена чаша, додадов бисквити, и го декорирав со малини и гранче нане.

Дали знаевте дека малините одлично одат во пар со чоколадо? Доколку не сте пробале сеуште, сега е вистинскиот момент. Ве предизвикувам и вас да го направите овој превкусен десерт!

Потребни состојки:

150 гр чоколадо за готвење
1 кесичка за шлаг
1 лажичка екстракт од ванила
125 мл. Млеко
колачиња

За декорација:
1 кесичка шлаг
125 мл. млеко
2 лажици какао
малини и
гранчиња нане

Во сад на пареа растопете го чоколадото и тргнете го на страна. Во друг сад изматете го шлагот со млекото и екстрактот од ванила. Додадете ја растопената, но изладена чоколада и промешајте нежно така што би задржале што повеќе воздух во смесата.
Во чашка ставете колаче , па додадете од смесата од чоколадниот мус , додадете колаче па мус, колаче и се така додека не ја наполните чашата. Наполнете повеќе чаши. Декорирајте ги со шлаг изматен со какао и ставете малина и гранче нане.

IMG_0166.jpg

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s