Роденденската трпеза што ги воодушеви гостите

Сигурно веќе ги видовте фотографиите од мојата роденденска трпеза кои што ги објавив на Фејсбук профилот.Ако ги следите албумите од моите родендени ќе забележите дека овој ден сакам да го одбележам со блискиот круг на пријатели, уживајќи во вкусна храна која ја подготвувам јас самиот. Решив со вас да ги споделам и деталите околу подготовката на овогодинешната роденденска прослава. Се надевам дека ќе уживате! 

IMG_0040

IMG_0019

Веќе знаеме дека никој повод не поминува без вкусна крем салата. Мојот избор оваа година беше цвекло салата. Има една посебна причина зошто се решив токму оваа крем салата да се најде на мојата роденденска трпеза.  Неодамна ми текна да ја отворам втората фиока од комодата, каде што ги чуваме семејните фотографии. Случајно наидов на албумот од детските родендени. Замислете, на секој мој роденден ја имало токму истата. Мојата мајка низ смеа ми потврди дека таа било мојата омилена крем салата.И на гостите исто така. Решив традицијата да ја продолжам и оваа година.

IMG_0017

IMG_0016

Одлуката за тортата и не беше така брза и лесна. Но, изборот конечно падна на Шварцвалд торта. Не преувеличувам кога кажувам дека гостите беа фасцинирани. Откако ја фотографираа од сите можни агли, конечно можев да пресечам по едно големо и сочно парче за секого. Ровкиот чоколаден пандишпан во комбинација со цврстите и зрели цреши беше вистински погодок. Никој не се пожали дека нема место за тортата. 

IMG_0035

IMG_0027

Освен вкусната храна, знаете дека секогаш посветувам внимание и на сервирањето. Преовладуваше белата боја, со акценти во боја на лаванда. Имав снопче свежа лаванда при рака, па решив да внесам свежина во декорациите. Декоративните салфетки беа врзани со бела декоративна лента, заедно со неколку гранчиња лаванда. Крајниот резултат навистина ги воодушеви гостите.

IMG_0002

Целиот процес на подготовка на трпезата за мене беше уживање. Особено ме израдува тоа што моите пријатели беа воодушевени од храната. Што мислите за овогодинешната роденденска трпеза? И како вие ги прославувате вашите и родендените на најблиските? Едвај чекам да ги слушнам вашите мислења во коментарите на објавата на Фејсбук профилот.

One Comment Add yours

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s