Шварцвалд торта

На 27-ми јуни е мојот роденден. Hooreeey! :-))))))
Оваа година сакав да направам вкусна и модерна трпеза каде што ќе поминеме квалитетно време со моите пријатели. Сите детали се предвреме испланирани (боите, аранжманот околу цвеќето, формата на салфетките како задолжителна декорација на чиниите, пијалокот, јадењата… Но, не може да се испланира и замисли роденденска забава без вкусна и спектакуларна роденденска торта.
Оваа вкусна „чоколадна и овошна торта“ која воедно има и прекрасен изглед е одличен начин како да ги искористите последните цреши и вишни за оваа сезона. Доколку сакате да ги оставите гостите без зборови, ви препорачувам да ја подготвите оваа чоколадна торта со ванила крем и мнооогу овошје.

Лесна е за јадење и лесна за подготовка. Еве како да ја подготвите

Потребни состојки:

За 1 пандишпан:
3 јајца на собна температура
70 г шеќер
40 г брашно
3 лажици какао
2 лажици растопен путер
1 лажичка екстракт од ванила

Состојките се повторуваат уште два пати за да добиете вкупно 3 пандишпани.

Фил:
1 пудинг од ванила
500 мл млеко
4 жолчки
4 белки
4 лажици шеќер (за белките
50 г шеќер ( за пудингот )
150 г растопено (но изладено)  бело чоколадо
200 гр. цреши , исчистени и исецкани
100 гр. вишни, исчистени и исецкани

За декорација:
15-тина цели цреши
150 гр. делкано чоколадо
300 мл. слатка павлака

За да ги подготвите пандишпаните, изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Матете околу 5 минути додека смесата не го зголеми својот волумен. Додадете го брашното, какаото и промешајте внимателно. Додадете ја ванилата и растопениот путер. Смесата претурете ја во округло и подмачкано тавче број 28 и печете во загреана рерна околу 13-14 минути или додека проверите со чепкалка и не остануваат траги од смесата. Постапката пов торете ја уште 2 пати за вкупно да направите 3 пандишпани.

*** Важно е веднаш штом ја подготвите смесата да ја ставите да се пече, во спротивно нема да нарасне убаво пандишпанот.

За да го подготвите филот во тенџере на оган ставете го млекото да се загрее, а на страна растворете го пудингот заедно со шеќерот и жолчките во неколку лажици млеко. Сварете го пудингот и тргнете од оган. Покријте со хартија за свежа храна за да избегнете формирање на кора. Откако комплетно ќе се излади изматете го пудингот со миксер и оставете на страна. белките изматете ги заедно со 4-те лажици шеќер. Кога ќе добиете цврст снег додадете ги во изматениот пудинг и додадете го растопеното чоколадо.

Врз изладената кора нанесете од филот со пудинг, па сецкани вишни и цреши. Повторно нанесете пандишпан, па фил, па цреши и вишни и на крајот последната кора пандишпан.

На страна изматете ја слатката павлака и покријте ја целата торта со изматениот шлаг. Покријте ја тортата и со делкано чоколадо и декорирајте со шлаг и цели цреши.

Добар апетит и забавно готвење!

IMG_0036

One Comment Add yours

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s