Африкански крофни

Се мислите што вкусно да подготвите и да ги израдувате блиските со нешто благо?
Подгответе ги овие невообичаени крофни кои денеска се хит во Африка. Всушност станува збор за тесто со путер кое е пржено во врел зејтин, исплетено во интересна форма. Крцкава кора од надвор, мека текстура од внатре и сето ова надополнето со прекрасна арома на путер.
Овие крофни се вистински погодок за сите оние кои се големи фанови на крофните во било која форма и со било каков фил. Не чекајте, направете ги.

Потребни состојки:

250 гр. брашно
2 1/2 лажички сув квасец
170 мл. млако млеко
3 лажички шеќер
прстофат сол
3 лажици растопен путер
1 јајце
масло за пржење
шеќер за превалкување

Во длабок сад ставете го брашното , а во друг сад на страна ставете го млекото и квасецот. Промешајте и оставете 2 минути да одмори. Додадете ги шеќерот, јајцето и растопениот путер. Добро промешајте и додадете ја смесата во брашното. Додадете го и прстофатот сол и замесете меко тесто од сите овие состојки.
Оставете да одмори околу 1 час на собна температура. Поделете го тестото на 12 еднвакви делови и секој дел расукајте го во долга лента свиткајте го на половина и исплетете го парчето кон краевите. Оставете да одморат уште 20 минути пред да ги испржите. Пржете ги во загреано масло на средна температура прскајки со маслото за да нараснат. Пржете ги околу 3-4 минути од секоја страна. Исцедете ги од вишокот маснотија на кујнска крпа и извалкајте ги во шеќер. По желба во обишниот шеќер додадете и 1 пакетче ванилин шеќер. Сервирајте додека се топли и по желба додадете чоколаден прелив.

IMG_9962

Добар апетит и забавно готвење! 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s