Есенска пита со јаболка

Потребно
За тестото:
300 гр. брашно
220 гр. замрзнат путер
2 лажици студена вода
2 лажици шеќер во прав
1 жолчка

Во сад врз брашното, шеќерот во прав и жолчката изрендајте го замрзнатиот путер. Додадете ја студената вода и со раце измесете тесто. Ставете го во хартија за свежа храна и оставете да се излади и стегне во ладилник околу 1 час.

За филот:
500 гр. јаболка исечкани на коцки
100 гр. суво грозје
2 лажички цимет
сок од 1/2 лимон
2 лажички вода
1 лажица густин
100 гр. сечкани лешници

3 лажици џем од кајсии

Тестото поделете го на два дела и од првиот дел расукајте кора и ставете ја врз тавчето во кое ќе ја печете питата (бр.26). премачкајте го долниот дел со џемот од кајсии. Во длабок сад измешајте ги јаболката, сувото грозје, циемтот, лимонот, водата, густинот и лешниците.
Ставете го филот врз џемот од кајсии и врз филот украсете ја питата со ленти од второто тесто. Оставете ја во замрзнувач околу 20 минути. Печете ја 15 минути на 200 степени.

Добар апетит и забавно готвење!
IMG_7243

Leave a Reply