Вкусен мус од бело чоколадо

Мус од бела чоколада

Потребно :
200 гр. бело млечно чоколадо
2 лажици путер
3 жолчки
250 гр. млеко
1 пакетче желатин растворен според упатството на употреба
2 лажици брашно
1 лажичка екстракт од ванила
200 гр. слатка павлака

Во тенџере на оган загрејте го млекото , во друг помал сад изматете ги жолчките,екстрактот од ванила и брашното. Пред да започне да врие млекото, половина истурете во садот со жолчките и постојано мешајте за да не се создадат грутки. Смесата истурете ја во другата половина од млекото и мешајте постојано на оган на средна температура. Гответе две минути и тргнете на страна.
Додадете го растворениот желатин и промешајте.

Во длабок сад искршете го на мали парчиња белото чоколадо, додадете ги двете лажици путер и со помош на цедалка претурете го врелиот пудинг врз чоколадото. Мешајте нежно се додека не се растопи чоколадата и путерот. Оставете на собна температура да се олади.

Во сад на страна изматете ја слатката павлака. Одкако смесата со бело чоколадо ќе се олади додадете ја изматената слатка павлака и мешајте полека за да дозволите што повеќе воздух да остане во смесата.

Оставете да одстои минимум 3 часа во ладилник и потоа со помош на готварски шприц сервирајте во вашите омилени чаши.

Добар апетит !

DSC02973

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s