Coffee cake / Колач за со кафе

Вкусен колач кој одлично одговара со кафе или чај.
Потребно:
120 гр. путер
200 гр. шеќер
2 јајца
1 лажичка екстракт од ванила
280 гр. брашно
1 пакетче прашок за пециво
1 лажичка сол
320 мл. полномасна кисела павлака
Фил:
1 лажица цимет
1 лажица шеќер
150 гр. сецкани ореви
Крцкава кора:
60 гр. брашно
3 лажици шеќер
1/2 лажичка цимет
5 лажици растопен путер
70 гр. сецкани ореви.
Шеќер во прав за декорација.
Во миксер на јака брзина изматете ги заедно путерот и шеќерот се додека не стане смесата пенеста. Потоа додадете ги јајцата, едно по едно. Додадете го екстрактот од ванила и мешајте. Во друг сад на страна спремете ги сувите состојки сите заедно во една чинија(брашното, прашокот за пециво и солта). Запрете го миксерот и додадете една третина од сувите состојки. Добро промешајте и повторно запрете го миксерот, додадете една третина од киселата павлака и продолжете со мешање. Постапката повторете ја се додека не ги потрошите сувите состјки и киселата павлака. ( се додаваат на третини).
Смесата за колачот е подготвена. Половина од смесата префрлете ја во тавче на механизам подмачкано со масло за јадење.
Сега е делот кога треба да го ставите филот. Во сад промешајте ги шеќерот и циметот и распределете го врз целата површина. Одозгора распределете ги сецканите ореви. Додадете ја другата половина од смесата.
Бидејќи смесата е многу лелива најлесен начин да го направите тоа а да не се помеша со филот, е со помош на шпатула да ставите на неколку места и потоа да ја распределите. Следи последниот чекор а тоа е крцкавата кора.
Во сад измешајте го брашното, шеќерот, циметот, путерот и сецкните ореви. Убаво промешајте со помош на вилушка и распределетее го низ целата поворшина одозгора на колачот.
Печете на 160 степени околу 1 час и 10 минути.
Доколку започне да потемнува одозгора а внатрешнината остане жива, покријте со алуминиумска фолија. Декорирајте со шеќер во прав.
INGREDIENTS:
FOR THE CAKE:
120 g of butter
200 g sugar
2 eggs
1 tbsp vanilla extract
280 g flour
2 tsp baking powder
1 tsp salt
320 ml sour cream
FOR THE FILLING:
1 tbsp cinnamon
1 tbsp sugar
1 cup chopped pecans
Crumb Topping:
60 g of flour
3 tbsp sugar
1/2 tsp cinnamon
5 tbsp melted butter
75 g of chopped pecans
Powdered sugar for garnish
Cream butter and sugar until fluffy. Add eggs one at a time until combined. Add vanilla extract. Mix until combined.
In a separate bowl whisk together your dry ingredients (flour, baking powder and salt)
Add in to the mixture, with the sour cream. (just in thirds)
Spray a spring form pan with baking spray, pour out half of the batter into the baking pan. Combine cinnamon and sugar together. Sprinkle cinnamon sugar on top of batter, top with chopped pecans. Then spoon over remaining batter and with a spatula carefully cover the first layer with batter.
For the crunch topping:
Combine flour, sugar, cinnamon and butter, mix with a fork until crumbs form. Add walnut. Sprinkle on top of batter.
Bake at 160C for 1 hour or until a tooth pick comes out clean. When it cools sprinkle with icing sugar.

DSC03300

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s